Учениците од IV -1 IV-2 го посетија Меѓународниот аеродром Скопје. Имаа можност да се запознаат со работата на одделот за Контрола за летање. Се запознаа и со работата на аеродромот и неговата структура.
На ден 19.12.2022 во нашето училиште успешно се реализираше вежба за евакуација од елементарни непогоди.
По повод 3 декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, учениците од IV-1 и IV-2 одделение ја проследија инклузивната танцова престава ,,Рефлексија“. Во претставата учествуваа 220 деца со и без попречености. Меѓу нив и нашиот ученик Иво Андовски од IV -1 одд.
Хуманоста ја отсликува големината на луѓето. Таа е најчовечна особина и доблест за секој човек. Позитивните примери во поглед на хуманоста треба да бидат континуиран процес.
Паралелките ll-2 и lll-2 по повеќегодишна соработка со Црвен крст и оваа година реализираа новогодишна работилница, преку која собраа парични средства и обезбедија подароци за деца сместени во згрижувачки семејства. БИДЕТЕ ХУМАНИ! Театарот е местото што дозволува да се создаде магијата и да се поверува во невозможното. Неговата моќ како медиум е непосредниот допир со публиката и можноста за остварување на взаемна интеракција. Овој пат взаемната интеракција беше остварена со учениците од прво, второ и трето одделение од ООУ "11 Октомври" Скопе - Центар. Музичко-сценската претстава „Операта на шумските животни“ ја оствари целта да ја запознае и едуцира младата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност.
3 декември - Меѓународен ден за лицата со попреченост, се одбележа и во нашето училиште. Изминатите денови беа исполнети со многу активности со цел поголема социјализација и врсничка свесност за разликите во секој од нас. Учениците од IV ² одделение заедно со образовниот асистент од ОУРЦ ,,Иднина", одделенскиот наставник и специјалниот едукатор проследија видеа со разни инклузивни приказни. Тие изработија дидактички материјали за сензорна стимулација и развој за подобра визуелна, аудитивна и кинестетичка перцепција и ги употребија истите. Учениците се дружеа, работеа тимски и ја покажаа својата креативност преку рециклирање на материјали со кои се среќаваат секојдневно.
Учениците од V1, V2 и V3 одделение го посетија воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Во рамките на посетата учениците извршија обиколка на хеликоптерскиот сквадрон и сквадронот за обука и тренинг каде имаа можност да се запознаат со средствата со кои тие ја извршуваат својата мисија, како и предизвиците на професијата воен пилот, инженер и техничари кои се грижат за исправноста на воздухопловите. Во разговор со дел од воздухопловните инженери, пилотите и техничарите од блиску им беа одговорени прашањата за кои учениците пројавија интерес.
Од 23 до 25 ноември во просториите ва ООУ „11 Октомври“ во организација на општина Центар се одржа семинар под наслов „Музика лаб“. Реализатор на овој настан беше Методија Атанасовски кој со своите интересни и несекојдневни презентации предизвика особен интерес како кај учениците така и кај предметниот наставник. Се надеваме дека ваквите и слични презентации ќе станат секојдневие во нашето училиште
Учениците од V-1, V-2 и V-3 одделение во соработка со родител од V-1, Ратка Џамбазовска Коцев го посетија Драмскиот театар-Скопје. При посетата учениците се запознаа со просториите зад сцената и нивната намена, со луѓето кои работат зад сцената, со цел да го откријат помалку видливиот дел од нивната професија и имаа можност да разговараат со актерите Марија Кондовска, Сања Арсовска и Лазе Манасковски.
|
|