ООУ „11 Октомври“ започна со работа како прво експериментално училиште во Републиката, а набрзо потоа стана центар за унапредување и развој на наставниот процес при што веќе е традиција во училиштето да се одржуваат часови за студенти од повеќе факултети од Скопје, а наставниците се ментори и автори на повеќе учебници и педагошки помагала.
Во учебната 1970 година е отворена првата група дневен престој за учениците од прво до четврто одделение, а во 1978 година се воведе целодневна настава за учениците од прво одделение и во 1981/1982 година за учениците од второ, трето и четврто одделение. Од 1994/1995 година Училиштето се вклучи во реализација на проектот Активна настава -интерактивно учење во соработка и под менторство на МО и Колеџот од Линколн „Бишоп“ - Англија.
Во учебната 1997 година училиштето го прифати проектот Описно оценување, по што следуваше вклучување во проектите: Со читање и пишување до критичко мислење, Разбирање на конфликтите, Игри за разрешување на конфликти.
Во учебната 2001 година започнува работата на проектот Граѓанско образование за учениците од 1- 4 одделение - Основи на демократија и за учениците во V и VI одд. - Ние народот...Проект граѓанин.
Проектот Инклузија на деца со посебни потреби започна да се имплементира во 2002 година, во 2003 година проектот Култура на живеење и во 2005 година заживеа проектот Граѓанско образование - Пат кон граѓанско општество, за унапредување на соработката на училиштето и родителите.
Во учебната 2006/07 година започна и успешно се реализираше во сите три фази „Проектот за модернизација на училиштата“. Во истата учебна година исто така започна со работа проектот „Училиште по мерка на детето“.
Од 2007 година, во ОУ „11 Октомври“ - Скопје (едно од 8-те пилот училишта) работи Тим за техничка поддршка од 15 ученика кои што имаат афинитети кон информатиката. Ова е дел од ИКТ компонентата од ПЕП (Primary Education Project) проектот на УСАИД.
Во учебната 2009/10 година нашето училиште аплицираше и го доби Вториот гранд од „Проектот за модернизација на училиштата“.
Од 2009 година училиштето се вклучи во европската мрежа на училишта и започна со работа на eTwinning проекти - проекти кои се реализираат во соработка со училишта од Европската унија.
Од 2010 година во ООУ „11 Октомври“ - Скопје активно се реализира Проектот „Превенција од насилно однесување во основните училишта“ организиран од БРО и подржан од Советот на Европа.
Од 2010 година во ООУ „11 Октомври“ - Скопје активно се реализира Програма за Јазична писменост во наставата од I – III одделение организирана од БРО, МОН и УНИЦЕФ.
Во учебната 2010/11 година се реализираа активности од ПЕП (Primary Education Project) проектот на УСАИД за сертификација на наставниците на ПЕП компонентите:
-подобрување на употребата на ИКТ во училиштата
-унапредување на оценувањето на учениците
Реализатори – Пеп училишен тим
Во учебната 2010/11 година се реализираа активности од ПЕП (Primary Education Project) проектот на УСАИД во Проект „Снимање на добри училишни практики“
Од 2011 година, во ОУ „11 Октомври“ - Скопје активно се реализира Проектот „Еко училиште“ и програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Проекти 2016/2017:
Проект за Меѓуетничка интеграција на образованието
Проект за Еколошката интеграција во македонскиот образовен систем
Проект ,,Со читање до лидерство“
Проект ,,Ноќ со Андерсен“
Проект за Еколошката интеграција во македонскиот образовен систем
Проект ,,Со читање до лидерство“
Проект ,,Ноќ со Андерсен“
Проекти 2017/2018:
Проект за Меѓуетничка интеграција на образованието
Проект за Еколошката интеграција во македонскиот образовен систем
Проект ,,Со читање до лидерство“
Проект ,,Безбедност во училиштата“
Проект ,,Училиште од 21 век“
Проект за Еколошката интеграција во македонскиот образовен систем
Проект ,,Со читање до лидерство“
Проект ,,Безбедност во училиштата“
Проект ,,Училиште од 21 век“