OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Информации од јавен карактер
    • 2020
    • 2022
    • 2023
  • Контакт
  • Јавни набавки
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix
Лазаревиќ Маријана има 11 години. Паралелно со основното училиште од нејзината шеста година го посетува и ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј,, каде што свири виолина во класата на професорката Наташа Малиновска . Во  текот на нејзиното музичко школување има учествувано на многу бројни концерти, јавни настапи и натпревари на кои има освоено бројни награди и тоа:- Прва награда на 49-тиот Државен натпревар на ученици и студенти  одржан во Скопје 2011 година - камерна музика 

- Прва награда  на Петтиот Меѓународен музички фестивал  Аранѓеловац, Р. Србија, 2012 година

-Прва награда на третиот државен натпревар за млади музичари, Скопје 2012 година

- Трета награда на Шестиот меѓународен натпревар на гудачи Ниш, Р Србија, 2013 година 

- Прва награда  на 51-виот државен натпревар за ученици и студенти, Скопје 2013 година.

-Трета награда  на Меѓународниот конкурс на млади исполнители на класични музички инструменти  Перник, Р.Бугарија 2014 година. 

-Прва награда на општинскиот натпревар Скопје , мај 2014

-Специјална прва награда(100 поени) на регионалниот натпревар -мај 2014

-Специјална прва награда на Државниот натпревар на млади музичари -мај 2014

Втора награда на престижниот меѓународен натпревар ,,Охридски бисери,, -Охрид 2014

Покрај сите освоени награди од кој секако најзначајни и се Специјалната награда на државниот натпревар во Скопје -мај 2014 и наградата на престижниот меѓународен натпревар ,,Охридски бисери,, -Охрид 2014 каде што во огромна конкуренција на виолинисти од целиот свет ја освои втората награда, Маријана има учествувано и на многу Меѓународни семинари кај врвни професори од кои ке ги спомнеме Семинарот по виолина кај Ана и Олег Контраденко- истакнати професори на ФМУ-Скопје, семинарите по виолина кај професорката Јова Јорданова професор на Московскиот конзерваториум како и семинарот по виолина на Емилио Перцан виолинист од Германија.

Оваа година по предлог на  советот на Основното Училиште 11 Октомври добитник е  на  Годишната награда „Феникс“,  што секоја година ја доделува Општината Центар за нејзините значајни постигнувања во областа на музичката уметност.

Покрај тоа што е успешен виолинист Маријана е и одличен ученик со посебен интерес  за литературно творештво и странски јазици. 

Picture
Picture
Powered by Create your own unique website with customizable templates.