OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Информации од јавен карактер
    • 2020
    • 2022
    • 2023
  • Контакт
  • Јавни набавки
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Тео Китановски


Тео Китановски е ученик во 8-3 одделение во ООУ „11 Октомври“, има 13 години. Негова најомилена занимација е информатиката, односно програмирањето. Неговиот интерес за  програмирање започнува од негова 8 годишна возраст, кога завршува Курс за програмирање (Summer Kingdom  организиран од страна на SEAVUS во Скопје) заедно со 25 годишни кандидати и е проценет од  предавачот на курсот како исклучително надежен иден програмер. Во наредниот период завршува курсеви за програмскиот јазик C++ (основен и напреден) во СЕМОС, како и курс за подготовка за државен натпревар по информатика. Моментално знае да програмира во повеќе програмски јазици, како C# (со ASP.NET), C++, Java (програми и за компјутер и за мобилен телефон), Python и знае да изработува веб страни. Во 2016 година учествува на меѓународен натпревар во Романија, на натпреварот SCRIPT за програмирање во програмскиот јазик SCRATCH, како дел од тим во училиштето и добива четврто место во соодветната категорија. Во 2017 година се пријавува на натпреварите по информатика и добива прво место на регионален натпревар и второ место на државен натпревар по информатика. 
 
Учествува успешно во Ученичкиот институт по информатика и математика, организиран од МАНУ, СММ и ЗИМ, како и на Куп по математика и информатика оргаизиран од Математичката гимназија,  во Белград, каде е најмлад учесник од тимот од осум најдобри програмери до 16 години на Македонија. Во 2018 продолжува со успесите на натпреварите по информатика – и на регионалниот и на државниот натпревар освојува прво место и повторно е во квалификациите за меѓународните натпревари кои претстојат. Учествува во проектот на Британски совет „Училишта на 21. век”.

 Освен на натпревари по информатика, успешно учествува на натпревари по англиски јазик, математика и физика.
Во 2015 година на натпреварот по англиски јазик организиран од ЕЛТАМ добива прво место на општински натпревар, четврто место на регионален и петто место на државен натпревар. Учествува и на натпреварот HIPPO.

Од 2012 година во три наврати учествува на математичкиот натпревар Кенгур, на кој добива прво, второ и трето место, соодветно. Од 2015 година учествува во натпреварите по математика организирани од СММ, каде освојува прво и второ место на регионален, како и  еднаш  втора и три  пати трета награда на општински натпревар. Добил и прво место на училишен натпревар, а учествувал и на математичкиот натпревар Дабар во 2015 година.

Од 2018 година (8 одделение) откако во училиште почнува да ја изучува и физиката како посебен предмет, се пријавува на натпреварите по физика организирани од ДФРМ, и одново реди успеси. Имено, и на општинскиот и на регионалниот натпревар добива прво место, а моментално се спрема за следниот, државен натпревар.

Во 2017 година е добитник на стипендија за талентирани ученици за осмо одделение од  општината Центар.
​

Тео исто така има присуствувано на голем број манифестации и бил дел од голем број на проекти од најразлични области: информатика, физика, екологија итн. Одлично ги познава англискиот и германскиот јазик. Во слободно време многу сака да игра фудбал.
Picture
Picture
Picture
Powered by Create your own unique website with customizable templates.