Учениците од IV -1 одделение се приклучија и работат на неколку e twinning проекти.Со среќа!
Одделенски наставник Мануела Трпчевска
Одделенски наставник Мануела Трпчевска
OOU 11 Oktomvri |
|
Учениците од IV -1 одделение се приклучија и работат на неколку e twinning проекти.Со среќа!
Одделенски наставник Мануела Трпчевска
0 Comments
Во соработка со родител - Архитект Крсте Петров преку предавање и работилница на учениците од IV-1 одделение, им ја доближи професијата архитект и ги запозна со технички цртеж и план на објект. Учениците изработија и скица на дизајн по нивна желба.Огромна благодарност на нашиот ,,татко,, од идните архитекти.Одделенски наставник Мануела Трпчевска
Под мотото „Од дете за дете", учениците од I-2 заедно со своите родители и наставнички замаа учество во хуманитарна акција организирана од страна на НВО- Куќа на среќата. Собраните средства се наменети за предвреме родените бебиња кои во моментов се наоѓаат на детската клиника во Скопје.
Со неизмерна почит, благодарност и убави желби за новото поглавје во животот, ја испраќаме Мери Несторовска, психологот во училиштето, во заслужена пензија! Драга Мери, ти благодариме за твојата професионалност, мудрост и соработка во текот на сите години наназад. Сега е време да им се посветиш на желбите што морале да почекаат и на твоите најсакани! Долговечна да ти е пензијата!
Денес учениците од 6-1, 6-2 и 8-3 одделение заедно со одделенските раководители, а предводени од наставникот по географија Звонко Димовски, беа во посета на Планетарумот кој функционира во рамките на Младинскиот културен центар - Скопје. Беа потребни неколку минути „затемнување“ на просторијата, за да може човековото око да се навикне и да ги забележи сите светли точки во Планетариумот. Посетителите имаа можност да научат нешто повеќе за ѕвездите, планетите и целата галаксија.
На ден 23.12. учениците од Ученичкиот парламент присуствуваа на предавање што го одржа наставникот ментор Ирина Иванова на тема „Сајбер насилство“. Целта на ова предавање беше подигање на свеста за сајбер насилството, како и поголема едукација на младите за тоа како да се заштитат и како безбедно да го користат интернетот и благодатите на онлајн светот.
Активот на трето одделение во соработка со Музејот на Република Северна Македонија се запознаа со македонската традиција, носии и народната архитектура. Научија за животот на нашите предци и со задоволни лица зборуваа за настанот.
Учениците од IV - 2 имаа можност да проследат предавање на тема ,,Народни носии“ во соработка со Музеј на Република Северна Македонија
|
|