3 декември - Меѓународен ден за лицата со попреченост, се одбележа и во нашето училиште. Изминатите денови беа исполнети со многу активности со цел поголема социјализација и врсничка свесност за разликите во секој од нас. Учениците од IV ² одделение заедно со образовниот асистент од ОУРЦ ,,Иднина", одделенскиот наставник и специјалниот едукатор проследија видеа со разни инклузивни приказни. Тие изработија дидактички материјали за сензорна стимулација и развој за подобра визуелна, аудитивна и кинестетичка перцепција и ги употребија истите. Учениците се дружеа, работеа тимски и ја покажаа својата креативност преку рециклирање на материјали со кои се среќаваат секојдневно.