Театарот е местото што дозволува да се создаде магијата и да се поверува во невозможното. Неговата моќ како медиум е непосредниот допир со публиката и можноста за остварување на взаемна интеракција. Овој пат взаемната интеракција беше остварена со учениците од прво, второ и трето одделение од ООУ "11 Октомври" Скопе - Центар. Музичко-сценската претстава „Операта на шумските животни“ ја оствари целта да ја запознае и едуцира младата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност.
|
|