Денес учениците од 6-1, 6-2 и 8-3 одделение заедно со одделенските раководители, а предводени од наставникот по географија Звонко Димовски, беа во посета на Планетарумот кој функционира во рамките на Младинскиот културен центар - Скопје. Беа потребни неколку минути „затемнување“ на просторијата, за да може човековото око да се навикне и да ги забележи сите светли точки во Планетариумот. Посетителите имаа можност да научат нешто повеќе за ѕвездите, планетите и целата галаксија.
|
|