Во соработка со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во ООУ „11 Октомври“ – Скопје, се одржа обука со која учениците од седмо одделение се стекнаа со знаења во врска со начинот на кој треба да реагираат во случај на катастрофи (пожар, поплава, земјотрес). Обучувачи беа професори од Грција кои се дел од проектот „Платформа за обука и споделување на знаење за тимовите за прв одговор и едукативни алатки за подигање на свесноста и подготвеноста на студентите и граѓаните за справување со природни катастрофи и катастрофи и ризици предизвикани од луѓето“ (од програмата на Унијата за цивилна заштита на Европската Унија). Во овој проект овен Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје учествуваат и: International Hellenic University (IHU), Assosiation of officers and sub officers with university degrees od Hellenic Fire Corpus (EPAYPS), Konnekt –able techlonogies limited (KT), Croatian crisis management association (CCMA), Evia rescue team (SAR 312) и Escue team Delta (RTD).
|
|