OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Гостување во телевизиската емисија „Голем одмор“, МТВ

28/12/2016

0 Comments

 
​Прво со химната и со „лична карта“ на училиштето, а потоа со 30-минутно претставување на постигнатите успеси и потврдените таленти, учениците од ООУ „11 Октомври“, Општина Центар, Скопје, гостуваа во телевизиската емисија „Голем одмор“ во Образовната програма на Македонската Телевизија, МТВ, на 14.12.2016 година.
            Во емисијата учествуваа околу 80-тина ученици и дел од наставничкиот кадар од училиштето. Учениците ги презентираа своите големи успеси, освоени медали, дипломи, пофалници и други признанија (по физика, хемија, математика, биологија и други  предмети), постигнати и добиени при училишните натпревари во тековната учебна година. Притоа, беше посочено на големата соработка на учениците со нивните ментори, наставничкиот кадар во училиштето, при што се постигнува целта: врвни резултати. Истовремено, беа презентирани и други активности, различни изработки на уметнички предмети, макети и други проекти што се дел од воспитно-образовната дејност во училиштето. Со тоа се продолжува и долгогодишната 61-годишна традиција на ООУ „11 Октомври“, Општина Центар, во реализација на многубројни проекти.
Емисијата „Голем одмор“ во МТВ е продолжение на добропознатата повеќедецениска емисија „Ѕвон“. Практично, пред неколку години се преточи во сегашната нова емисија што го задржа сличниот концепт како „Ѕвон“, со: воспитно-образовни содржини, разговори со ученици во студио, претставување таленти, забава, детски игри, песнички, задачи и слични содржини поврзани со учениците и нивниот живот.
Инаку, за реализација на оваа училишна активност одговорни наставници од ООУ „11Октомври“, Општина Центар, беа: Татјана Василевска, Викторија Рунтевска Јовевска, Сузана Трендафилова, Марија Стојановска, Јасмина Дичиќ, Жаклина Блажева, Ана Миновска и Татјана Мицева – Бојаровска.
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.