По претходни подготовки и со користење на Zoom програмата и учениците и наставничките од III 1 одд. Билјана и Ивана направија online маскембал. На овој настан секој ученик ја претстави својата маска и го искажа мотивот за кои е направена. На крајот од настанот сите ученици ракоплескаа користејќи ја опцијата emoyi од Zoom.
Во услови на изолација и учениците од V-2 одделение заедно со наставниците Биле и Сале, не се откажаа од првоаприлските маски и шеги. Овој пат на еден друг и несекојдневен начин, преку е-комуникација, тие го одржаа традиционалниот маскембал.