Вторачиња од скопското Основно училиште „11 Октомври“ денеска имаат улога на доктори и прегледуваат пациенти во Градскиот трговски центар. Не само што ги прегледуваат возрасните, туку и ги советуваат како да го чуваат здравјето, здраво да се хранат и да бидат физички поактивни.
Децата облечени во бели мантили држеа транспарентни на кои пишува „Шетај во природа“, „Светски ден на здравјето“, „Грижи се за своето здравје“, „Јади овошје, јади зеленчук“. Настанот се одржува по повод Светскиот ден на здравјето и подигнување на свеста кај повозрасните за сопственото здравје, но и поттикнување здрави навики кај децата од мали нозе.