По повод одбележувањето на Денот на општина Центар, во ООУ „11 Октомври“, Скопје-Центар, се одржаа повеќе активности. Носители на активностите беа наставниците од активот на петто одделение со своите ученици, наставничката по ликовно образование, а беа вклучени и ученици од шесто до деветто одделение. На овој празничен ден, во добро расположение и со одлична мотивација учениците ја потврдија својата креативност со изработка на грбот на општината и разгледници со мотиви од општина Центар. Важно е да се напомене дека целиот настан се одвиваше во позитивно славеничко расположение, кое што резултираше со креативни изработки.
|
|