На покана од страна на раководството на Детски културен центар "Карпош" учениците од VI-2 одделение, во придружба на класниот раководител Ивана Јакимовска, беа дел од музичкиот запис со наслов "Подај рака на тој што те сака". Проектот беше дел од манифестацијата "Млади Европејци" и покрај нашите ученици учество зедоа и децата од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација "Партенија Зографски" и деца со Даунов синдром од "Трисомија 21". Ова беше несекојдневно и незаборавно искуство кое нашите ученици долго ќе го паметат.
|
|