OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

„Свадбата на Фигаро“ - комедија за негативностите кај луѓето и во општеството

28/12/2016

0 Comments

 
​Кон крајот на октомври 2016-та, учениците од седмо, од осмо и од деветто одделение ја проследија претставата, комедијата „Свадбата на Фигаро“ во новиот Македонски Народен Театар (МНТ во Скопје), во рамки на вонаставните активности на ООУ „11Октомври“, Општина Центар, Скопје.
„Свадбата на Фигаро“ е настан од областа на културата што предизвика особено внимание кај учениците. Практично, хуморот во комедијата на учениците на едноставен начин им ја доближи пораката на авторот за осуда на негативностите кај луѓето и во општеството. Истовремено, оваа драмска претстава претставува бележит културен настан и во Македонија, што веќе пет години егзистира со полни сали публика.
Aвторот на оваа прекрасна театарска комедија, фанцузинот Пјер Огистен Карон де Бомарше, кој, покрај другите професии бил и успешен драмски писател, ја напишал во 18 век. Преку прекрасната изведба на македонските актери, уште повеќе ни го доближува значењето на именувањето на духовитиот лик со конкретната шпанска/италијанска именка „фигаро“ што значи бербер. „Фигаро“, преку неговото значење – дека берберите се снаодливи луѓе, посочува на идеален прототип на комичен драмски лик што е умешен, ноншалантен, палав, врвен...
– Тоа е претстава со многу убав, чист, мек јазик и навистина не ни е потребно ништо да вулгаризираме за да бидеме смешни – додава актерот Сашко Коцев, кој признава дека и по над 100 одиграни претстави „Свадбата на Фигаро“ не трпи многу импровизации и не отскокнува многу од првата изведба, од пред речиси пет години.
Инаку, за реализација на оваа училишна активност одговорни наставници од ООУ „11Октомври“, Општина Центар, беа: Ристо Бојчев, Златко Петковски, Ирина Иванова, Татјана Василевска, Ружа Стојковиќ, Николина Ивановска, Ивана Јакимовска - Петровска, Татјана Мицева – Бојаровска и директорката Даница Блажеска.
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.