OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Посета на учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“

27/5/2016

0 Comments

 
ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје е единствено средно училиште за ученици со оштетен слух. Тие го посетија нашето училиште со цел да ги споделат своите искуства од учеството во Еразмус + во кој беа вклучени наставниците и учениците од ова училиште. 
Учениците говореа за проектот „Градење мостови“ кој го реализираа во соработка со Високото стручно училиште за туризам и меѓународни трговски односи од Прага, Чешка како и за стручната обука во Љубљана, каде го реализираа проектот за професионално и стручно созревање заедно со словенечкиот партнер, училиштето, Завод за глуви и наглуви од истиот град.  
Целта на овие реализирани проекти е  подобрување на практичните вештини на учениците, индивидуален професионален развој,  стекнување нови знаења и искуства за друга култура и јазици како и на продлабочување и подигање на нивото на познавање на знаковниот јазик, создавање можности за социјален и личен напредок на овие ученици на пазарот на труд,  зголемување на нивната мобилност и културна свест, рушење на културната и јазичната бариера како и нивно поврзување со учениците и луѓето кои немаат проблем со слухот. 
Посетата помина во одлична атмосфера, а на крајот од средбата, учениците од ООУ „11 Октомври“ со помош на учениците од „Партенија Зографски“ научија и неколку поими на знаковен јазик.

0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.