Соработката со родители е нераскинлива врска во воспитно-образовната работа. Потребата за активно вклучување на родителот како партнерство со наставниците, може да даде корисни информации како основа за насочување и идни заеднички акции за доброто на секое дете/ученик. Одделенските наставници Александар Христовски и Билјана Велевска, а секако и паралелката lll-2 имаа чест професорката по физика и родител Цвете Илиоска на волшебен, виртуозен начин да им ги прошири знаењата на веќе стекнатите општи поими по предметот природни науки.
|
|