Учениците од 8-3 одделение ја посетија Народната Банка при што покрај предавањето имаа можност и да уживаат во најновата поставка на Музејот на НБ подготвена по повод 30-годишнината од монетарната независност. Златната маска од Требеништа, торзото на Изида од Лихнид, тетовската Менада од VI век п.н.е., средновековна гулабица, иконата на Богородица (теми на македонските пари).... се само дел од вредните археолошки и уметнички експонати, специјално позајмени за оваа пригода од други музеи, кои ја раскажуваат чудесната приказна за македонските банкноти. Благодарност до Народната Банка со надеж за идни другарувања!
|
|