На ден 22.11.2017 год. , учениците од петтите одделенија од ООУ ,, 11 Октомври,, -Скопје, беа гости во Собранието на Република Македонија. Потребата од посета произлезе по наставниот предмет Општество, каде се изучува државното уредување на Република Македонија и државните институции. Посетата овозможи проширување на знаењата на учениците за оваа институција, која е носител на законодавната власт, за нејзината надлежност, организација, функционирање, како и за историјатот на Собраниската палата. Посетата ја реализираа : активот на петто одделение и педагогот.
|
|