OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

„Силјан Штркот шанца“  - посилна врска и комуникација меѓу делото, изведбата и публиката

28/12/2016

0 Comments

 
Во рамки на вонаставните активности од областа на културата, учениците од седмо, од осмо и од деветто одделение од ООУ „11 Октомври“, Општина Центар, ја проследија театарската  претстава „Силјан Штркот шанца“ на авторот Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Настанот беше реализиран во втората половина на полугодието во учебната 2016/17, конкретно во ноември, на Мала Сцена во Македонскиот Народен Театар (МНТ), Скопје.
Оваа претстава претставува дел од проектот „Лектирен театар“ на МНТ под мотото „Театар за секое дете“, што иако е работена по мотиви од лектира за осмо одделение („Силјан Штркот“ од Марко Цепенков), е најавена во јавноста како претстава што не е само за деца и млади, туку е и за возрасни. Инаку, додавката во насловот „шанца“, авторот Дуковски (при своите објавени интервјуа за пртставата во медиумите) посочи дека „на штрковски јазик“ означува „танцува“. Тоа практично го дообјаснува и неговото уметничко дообликување на изворната приказна преку насловот: „Силјан Штркот танцува“.
Ваквата реализација на вонаставните активности од областа на културата, што се во кореација и со дел од наставната училишна програма, придонесува за зголемување на интересот кај младите за домашни дела и творби, а лектирата ја доближуваат поблиску до учениците.
Во претставата беше инкорпориран и настап во живо на македонски рок-бенд што за учениците беше посебно доживување, што имплицира и восприемање на „старата приказна“ на нов, современ начин со што се постигнува посилна врска и комуникација меѓу делото, изведбата и публиката.
Инаку, за реализација на оваа училишна активност одговорни наставници од ООУ „11Октомври“, Општина Центар, беа: Ристо Бојчев, Ирина Иванова, Татјана Василевска, Ружа Стојковиќ, Ивана Јакимовска – Петровска и Татјана Мицева – Бојаровска.
 
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.