За спроведените активности во проектот „Училиште на 21 век“ во организација на British council Mk, училиштето ја доби првата награда и можност за присуство на меѓународната конференција „Нови технологии во образованието“ која се одржа во Белград од 8 до 9 јуни 2018 година. Нашето училиште беше претставувано од наставник (придружник) и двајца ученици, Јана Иванова и Тео Китановски од 8 одд. Учениците успешно го претставија училиштето и активностите од проектот „Училиште за 21 век“, а учествуваа и на натпреварот по кодирање во кој учествуваа ученици од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, за што се стекнаа и со сертификати.
0 Comments
Leave a Reply. |
|