OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

„Сомнително лице“ – вонвременска и универзална комедија

4/4/2017

0 Comments

 
          Во рамки на вонаставните активности од областа на културата, учениците од шесто, од седмо, од осмо и од деветто одделение од ООУ „11 Октомври“, Општина Центар, ја проследија театарската  претстава „Сомнително лице“ од познатиот српски автор, Бранислав Нушиќ, во режија на Синиша Евтимов. Настанот беше реализиран во првата половина на второто полугодието во учебната 2016/17, конкретно на 13 февруари, во Македонскиот Народен Театар (МНТ), Скопје.
            Премиерната изведба на претставата во МНТ се одржа на 17 март 2007 година. Тоа е комедија што ја исмева полуписмената и неписмената бирократија во општеството. Во текот на 10-те години изведби на сцената на МНТ претставата минала низ повеќе промени на 30-ината познати македонски актери низ ликовите во комедијата. Дел од нив подоцна влегле во изборот – „кастингот“ на претставата, но целта била претставата да опстои на репертоарот, бидејќи текстот на Бранислав Нушиќ, е универзален и безвременски.
Ваквата реализација на вонаставните активности од областа на културата, што се во корелација и со дел од наставната училишна програма, придонесува за зголемување на интересот кај младите за сценски изведби, а лектирата и литературата  ги доближуваат до учениците.
Инаку, за реализација на оваа училишна активност, заедно со директорката Даница Блажеска, одговорни наставници од ООУ „11Октомври“, Општина Центар, беа: Ристо Бојчев, Ирина Иванова, Ружа Стојковиќ, Ивана Јакимовска – Петровска, Златко Петковски, Бепина Младеновска, Трајанка Стрезовска, Тања Софрониевска Здравковска, Татјана Мицева – Бојаровска и уште неколку други одделенски и предмети наставници.
Picture
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.