OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Посета на Спомен куќата на Рацин во Велес

28/12/2016

0 Comments

 
​Во почетокот на декември 2016-та беше реализирана посета на Спомен куќата на Кочо Рацин во Велес од страна на учениците од седмо, од осмо и од деветто одделение од нашето училиште, ООУ „11 Октомври“, Општина Центар, Скопје. Во куќата на Рацин денеска се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело. 
Учениците непосредно се запознаа со дел од автохтоните предмети и дела на Рацин во музејската архивска поставка што изобилуваше со оригинални предмети, мебел, грнчарија, книги, фотографии, а и уметнички слики и фотографии од него, неговото семејство, блиските, како и од локации и предели поврзани со неговиот живот и загинување. Потоа и преку предавањето на кустосот, учениците ги дополнија своите впечатоци со податоци за животот и делото на овој наш голем поет: Кочо Рацин, односно Koста Апостолов Солев Рацин е роден во Велес на 22 декември 1908 година, а загинал  на 13 јуни 1943 во шумскиот кичевски предел Лопушник, на планината Бистра. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.Тој во македонската историја е познат како македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика. Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, што го зел од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ.
Инаку, Спомен куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни Коста Солев – Рацин во 1962 година е целосно реставрирана. Приземјето е изградено од камен, на катот доминира фасада со бела боја, а покривот е висок и покриен со керамиди. Двокрилна порта од дрво води во тремот решен како мал простор што ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзинот под има мала скривница. Чардакот на куќата е споен со фурната. На спротивниот крај чардакот со скали води кон повисок чардак.
Посетата беше посебно атрактивна за учениците, бидејќи патувањето беше реализирано со воз.
Инаку, за реализација на оваа училишна активност одговорни наставници од ООУ „11Октомври“, Општина Центар, беа: Ристо Бојчев, Ивана Јакимовска - Петровска, Златко Петковски и Татјана Мицева – Бојаровска.
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.