OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Во посета на Македонскиот народен театар

5/12/2016

0 Comments

 
Ученици од ООУ „11 Октомври“, општина Центар, Скопје, успешно реализираа посета на Македонскиот Народен Театар, МНТ,  во Скопје при што проследија раритетна изведба на познатиот уметнички „Ансамбл Македонија“, на крајот од ноември, 2015.
Со проследувањето на овој редок настан во МНТ, учениците се здобија со трајни сознанија за специфичностите на народните обичаи, обреди, носии, песни  и народни инструменти од различни предели од Македонија, задржани и сочувани кај Македонците со исламска вероисповед.
Изведбата опфати прекрасни македонски песни и обичаи од повеќе предели на Македонија, коишто се уште ги одржуваат и негуваат македонците со муслиманска вероисповед. Конкретно, учениците ги проследија таквите раритетни изведби од: Струшки Дримкол, Долна Река, Гора, Азаџија – Скопско, Караџова – Меглен и од Азот – Велешко. Истовремено, овие изведби, беа испреплетени и поткрепени со специфична народна музика од стари инструменти, како што се тапани, зурли, дајриња, и други народни инструменти.  Притоа, вокално-инструменталната изведба ја долови прекрасноста на сочуваниот народен дух што како традиција се пренесува од колено на колено и преку секојдневно практикување, а и при свадби, обреди и пригодни празници. Во контекст на целокупниот настан, организиран и поткрепен од Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, беше прикажан и краток документарен филм од селото Цветово, Скопско под наслов што конкретно го опишува и народниот обичај, како дел од свадбен  обред: „Пишање на невестата“.
Успешно реализираната посета на МНТ и изведбата на познатиот уметнички „Ансамбл Македонија“, овозможи и учениците од ООУ „11 Октомври“, лично, да осознаат дел од народниот бит што се уште опстојува на просторот на Македонија, во различни нејзини предели, а задржани и сочувани кај Македонците со исламска вероисповед.
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.