OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • План и скица на училиштето
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Јавни набавки
  • Контакт
  • Информации од јавен карактер
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix
  • УЧИ ОД ДОМА

Мотивациски говор „Прекрасни соништа за прекрасен живот...“

28/12/2016

0 Comments

 
​Моќен мотивациски говор, наменет за учениците од 8-те и 9-те одделенија, се одржа на 21.12.2016 во нашето училиште, ООУ „11Октомври“, Општина Центар, Скопје.
Темата „Прекрасните соништа создаваат прекрасен живот, Ти имаш моќ да го креираш" беше успешно презентирана од страна на мотивацискиот говорник Наде Молеровиќ, директор на ООУ „Гоце Делчев“, Центар, под мотото „Моќта на зборовите“.
Целта, според воведните зборви на Молеровиќ, е да поттикне размислувања и одговори на прашањата: Кој сум?... Што сакам да постигнам во животот?... Дали училишното мото „Сонувај, верувај, учи е вистинскиот пат до успехот?“... Во дел од говорот Молеровиќ пренесе и нејзино личното искуство, со  раскажување на нејзината животна приказна како успеала да си го оствари сонот за успешен и среќен живот. Тоа предизвика позитивни емоции кај учениците.
Предавачот посочи дека многумина, во возрасни години, искрено признаваат дека „Во толку многу години образование во животот, речиси никој не не научил како да се сакаме себе си и зошто е тоа толку важно...“ Тоа е нешто што треба се се земе предвид кога се работи како професор во образованието, особено во основните училишта.
Неодминливо е да ја посочиме искажаната мисла од предавањето: „Целта на мотивацискиот говор е исполнета кога емоциите на децата се испишани во боите на среќата...“
Инаку, покрај учениците и вработените од нашето ООУ „11Октомври“, настанот го следеа и повеќе колеги од други училишта.
0 Comments



Leave a Reply.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.