Учениците од IV 1 и IV 2 одделение ја посетија Општина Центар, кеде имаа можност во Младинскиот центар Матично да проследат едукативен цртан филм и земаа учество во акцијата,, Боренка,, за пошумување на опожарени подрачја.Ја посетија и салата во која работат советниците на Општина Центар но, најголемо задоволство им причини посетата и разговорот со градоначалникот Горан Герасимовски, со кого поразговараа за активностите на Општината и му се заблагодарија за се што прави за општината да биде пријатно место каде ќе растат безгрижно и задоволно.
|
|