Учениците од нашето училиште заедно со своите наставници и членовите на училишниот тим на Еко одборот, го одбележаа Светскиот ден на храната со пригодни активности:
- Разговораа и дебатираа за здрава храна и придобивките од неа;
- Наводнуваа растенија во ботаничката градина;
- Подготвија букети од растенија од ботаничката градина и пораки за здрава храна и ги подарија на учениците, родителите и вработените во училиштето;
- Собраа зачински растенија од градината и ги подарија во училишната кујна.