На овој натпревар, учествуваа точно 19608 ученици од Република Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот се спроведе во 136 основни училишта во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 3-то до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта. Во натпреварот учествуваше и нашето училиште. Марта Калпачки, од VI-3 одд. е единствена од нашето училиште која ги освои сите можни поени. Натпреварот беше реализиран од предметниот наставник по информатика, Ирина Иванова.
|
|