OOU 11 Oktomvri
  • Домашна
  • За нас
    • Организација >
      • Внатрешна организација
      • Органограм
      • Систематизација
    • Мисија и визија на училиштето
    • Услови за работа
    • Структура на дејноста
    • Приемен ден
    • Проекти
    • Веб ресурси >
      • Информатика
  • Новости
  • Вработени
    • Директор
    • Административна служба
    • Стручна служба >
      • Одделение за стручни соработници
      • Одделение за наставници
    • Помошно - техничкa служба
  • Документи
    • Статут
    • Развојна програма
    • Годишна програма
    • Извештаи >
      • полугодишни
      • годишни
    • Самоевалуација
    • Интегрална евалуација
    • Правилници >
      • Правилници
      • Протоколи
    • Екскурзии
    • Завршни сметки
    • Останати документи
  • Информации од јавен карактер
    • 2020
    • 2022
    • 2023
  • Контакт
  • Јавни набавки
  • ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА
  • 21 Century Schools
  • Tаленти
    • Тео Китановски
    • Даријан Шекеров
    • Марјана Лазаревиќ
  • Scientix

Награден предлог проект

28/6/2023

0 Comments

 
На јавниот повик ,,Предизвик за млади истражувачи 5 -ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ" објавен од страна на Фонд за иновации и технолошки развој вчера нашето училиште свечено го потпиша договорот за соработка на наградениот предлог проект ,,Рециклирај весник засади цвет! Разубави го целиот свет!" под менторство на Убавка Џинов и Татјана Василевска.
0 Comments

Бронза на нашиот Андрија

28/6/2023

0 Comments

 
На Јуниорската балканска математичка олимпијада, чиј домаќин е Тирана со брозна се закити нашиот ученик Андрија Младеновиќ.  На оваа олимпијада и останатите членови на тимот се закитија со награди: Дамјан Давков освои златен медал, а Ивано Божиновски сребрен. ​Покрај нив, Македонија ја претставуваа и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ. Честитаме и посакуваме понатамошен успех.
Picture
0 Comments

Спортот и здравите навики на прво место

28/6/2023

0 Comments

 
Учениците од I-1 одделение од основното училиште „11 Октомври“ – Скопје, заедно со своите мајки и одделенските наставнички учествуваа на 11-та Авицена женска трка во месец април 2023 година
 -Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со АК Работнички, а под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт се одржа 11-та Авицена женска трка 2023 година на 9 април. На трката активно зедоа учество учениците од I-1 одделение од основното училиште „11 Октомври“ – Скопје заедно со своите мајки и одделенските наставнички со што допринесоа за подигнување на заинтересираноста на училиштата и јавната свест за спортската култура кај жените. Учениците коишто директно учествуваа во подготовките за трката, покажаа посебен интерес и заедно со родителите изработија специјални налепници како би се препознала ангажираноста и на најмладите во градењето на спортската култура во нашата земја.
Учениците беа презадоволни со нивното учество, и покажаа дека со добра организација секој може да води здрав живот без разлика на неговата возраст.
На трката, оваа година зедоа вкупно учество над 3.000 жени и девојки со што се одбележа рекорд во однос на претходните години. Трка покажува дека жените, без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и имаат здрави навики. Женската трка Авицена секоја година има се поголем број заинтересирани жени кои земаат учество.
0 Comments

June 15th, 2023

15/6/2023

0 Comments

 
​Со задоволство Ве известуваме дека нашето училиште е наградено со Европска ознака за квалитет за работата во еTwinning проектите: „ Webučionica 2.0 /Webclassroom “ и „ 100. dan u školi 2022./100th day at school “. Проектите ги реализираа учениците од IV-2 одд. со наставничката Весна Недановска и со нивната работа ги исполнија критериумите на рамката за етикета за квалитет и добија висока оценка.
Честитки и уште многу успешни проекти!
Picture
Picture
0 Comments

СТЕМ ознака

9/6/2023

0 Comments

 
Со гордост Ве известуваме дека нашето училиште е добитник на ознаката за квалитет „СТЕМ компетентно училиште“. Станува збор за ознака која се добива под покровителство на European Schoolnet - мрежа од 34 европски министерства за образование, со седиште во Брисел. При тоа три активности чии автори се Ирина Иванова (две активности) и Билјана Велевска (една активност) се издвоени како примери на добра практика и објавени во Европската галерија на добри практики. Благодарност до колегите (Весна Недановска, Мануела Трпчевска, Марија Стојановска, Моника Трпчевска) чии активности беа испратени како докази со што придонесоа училиштето да се закити со оваа престижна ознака. Благодарност до директорката за поддршка на проектот. Благодарност до родителите и учениците кои учествуваа во активностите. Координатор на проектот: Ирина Иванова – наставник, ментор
Picture
0 Comments

Предавање на Универзитет Скопје

1/6/2023

0 Comments

 
Учениците од 8-3 одделение беа во посета на Универзитетот Скопје каде следеа едукативно предавање на тема ОНЛАЈН НАСИЛСТВО – CYBER BULLYING. На предавањето се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат младите генерации, живеејќи во време на дигитализација, користејќи ги дигиталните технологии.
Благодарност до професорката Ана Секуловска Јовковска која несебично го сподели нејзиното знаење со нашите ученици, како и до професорката Јана Илиева која овозможи да се реализира оваа посета. Се надеваме дека ова е почеток на една плодна соработка. Одговорни наставници Ирина Иванова и Звонко Димовски.
0 Comments

Наградени наставници

30/5/2023

0 Comments

 
По повод чествување на големите словенски просветители Св. ,,Кирил и Методиј" , основоположници на словенската писменост и литература и нивните дејства за културниот развој на словенски народи, Општина Центар традиционално секоја година ги наградува наставниците и учениците.
За учебна година 2022/23  наградени наставници од ООУ"11 Октомври" - Скопје, Центар се :
1.Весна Недановска - одделенски наставник
2.Златко Петковски -предметен наставник по математика
3.Убавка Џинов- предметен наставник по хемија.
За првенец на генерација во нашето училиште е награден ученикот Андрија Младеновиќ 9 одделение.
Честитки за добиените награди кои ќе бидат дополнителен мотив и стимулација за посветена и успешна работа како и постигнување на нови признанија и успеси во иднина.
0 Comments

11 Октомври - меѓу првите училишта со фотоволтаични системи

22/5/2023

0 Comments

 
Picture
​https://sitel.com.mk/gerasimovski-prvite-tri-uchilishta-dobivaat-fotovoltaichni-sistemi
0 Comments

Велигденски базар

11/4/2023

0 Comments

 
Picture
0 Comments

ВИКИПЕДИЈА КЛУБ

4/3/2023

0 Comments

 
Во ООУ „11 Октомври“, под менторство на наставничката Ирина Иванова започна со работа ВИКИПЕДИЈА КЛУБ. Целта на клубот е создавање на нови квалитетни статии со што би се дал сопствен придонес во зголемувањето на содржините на македонски јазик. За таа цел учениците – членови на клубот проследија и соодветна обука одржана од претставник на Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија.
0 Comments
<<Previous
Powered by Create your own unique website with customizable templates.